19-годишна девојка и уште две лица се повредени откако „ауди“ излета од пат

19-годишна девојка и уште две лица се повредени откако „ауди“ излета од пат. 

- На 16.06.2025 околу 11.40 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат  Куманово-Свети Николе, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки“, управувано од В.К.(42) од село Кучкарево, кумановско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и две сопатнички К.К.(31) и Л.К.(19), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.