188 санкционирани возачи во Скопје, 39 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 31 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, 11 за возење без возачка дозвола.  

Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 14 за возење под дејство на алкохол, 48 санкции за непрописно паркирање.  
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.