186 илјади ученици во 350 школи за ужина ќе добиваат домашни македонски јаболка

Владата на денешната седница ја усвои Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје во 2022 година. Преку програмата околу 186 000 ученици во 350 школи за ужина да добиваат домашни, македонски јаболка. Се работи за сосема нова програма која досега не се практикувала, известуваат од Владата. 

Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за реализација на Програмата се проектирани 20 милиони денари, средства кои се веќе обезбедени со ребалансот на Буџетот.

-Со Програмата се овозможува поддршка за откуп, дистрибуција и пакување јаболка од реколтата 2022, а целата откупена количина ќе треба да биде дистрибуирана до општинските и државните училишта најдоцна до 15 декември 2022. Со ова ги помагаме производителите на јаболка, но обезбедуваме и свежа и здрава ужина за нашите деца. Македонски, домашни јаболка за нашите деца, истакна Николовски.

Министерот претходно кажа дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари преку Интервентниот фонд, покрај основните и дополнителните субвенции. Истакна и дека храна ќе има.

-Леб, брашно, млеко и зејтин ќе има. Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани, рече министерот за земјоделство Николовски