181 возач санкциониран за брзо возење

181 возач добил казна, во вчерашната контрола на МВР на територија на целата држава.

Од МВР информираа дека од вкупно 181 казна, 6 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната дозволена брзина. Притоа, 103 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

Од таму додаваат дека и во наредниот период ќе се продолжи со засилените акциски контроли.