18 најважни прашања во животот

Најважните одговори во животот произлегуваат од најважните прашања, а понекогаш најважно е во вистински момент себеси да си ги поставиме вистинските прашања. Порталот Atma.hr состави листа од интересни прашања кои поттикнуваат на подлабоко размислување.

  1. Ако имате можност да одржите говор од 30 секунди пред целиот свет, што би кажале?

  2. Ако знаете дека ќе умрете на полноќ, што би правеле во 11:45?

  3. Како знаете дека со сигурност знаете нешто?

  4. Ако имате многу, многу пари, а сепак би морале да работите нешто, што би работеле?

  5. Кога ќе имате 90 години, што ќе ви биде најважно?

  6. За што најмногу се каете?

  7. Како можете да ја примените лекцијата која сте ја научиле од тоа каење?

  8. Ако не верувате во Бог, што би промениле кога со сигурност би дознале дека постои Бог?

  9. Дали се плашите од смрт? Ако да, дали имате добра причина за тоа?

  10. Ако утре изгубите сè, кому би се обратиле? Дали таа личност знае колку ви значи?

  11. Што би промениле кога би знаеле дека никогаш нема да умрете?

  12. Ако пристигнете пред рајските порти, а Бог ве праша зошто треба да влезете, што би рекле?

  13. Кога ќе бидете доволно добри според своите стандарди? Постои ли некоја точка после која би се прифатиле себеси?

  14. Дали земјата во која живеете навистина е најдобра за вас?

  15. Што би рекле луѓето по вашата смрт?

  16. Која ситница можете да ја направите за да разубавите нечиј ден?

  17. Ако верувате во Бог дали нешто би се променило ако дознаете дека Тој всушност е Таа?

  18. Што мислите, што навистина стои помеѓу вас и среќата?