18-годишник со возило удрил пешак и го напуштил местото на настанот

Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека 21-годишната Е.Р. од Куманово се здобила со тешки телесни повреди откако во неа со возило удрил Ш.Р. ( 18) од село Никуштак, Липково по што го го напуштил местото на настанот.

Несреќата се случила на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово. Повредите на 21-годишната девојка биле констатирани во Општата болница Куманово.

Бил извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.