18-годишник од Скопје нападнат во училница од страна на лице вработено како училишно обезбедување

18-годишник од Скопје пријавил дека додека бил на настава, во училница бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето кое го посетува. 

Од МВР со детали за случајот:

-На 28.11.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Центар, Г.С.(18) од Скопје пријавил дека околу 14.10 часот, додека бил на настава во ДСУ „Спортска академија“ на ул.„Димче Мирчев“, во училницата бил физички нападнат од лице вработено како обезбедување во училиштето. Според пријавеното, причина за тоа е што Г.С. го паркирал возилото во кругот на училиштето - соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.