18-годишник е тешко повреден откако „пежо“ излета од пат во струшко

18-годишник е тешко повреден откако „пежо“ излета од пат во струшко. 

- На 19.01.2025 околу 10.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Ќафасан-село Подмоље, патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(48) од село Радолишта, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д.(18) од с.Радолишта, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, соопштија од МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.