18-годишник дрско украл накит од бабичка во Центар, полицијата го уапси

Уапсен е 18-годишник кој на дрзок начин украл накит од повозрасна скопјанка. Инцидентот се случил вчера попладне. 

- На 09.08.2026 во 12:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.И.(18) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит, информираа од МВР. 

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин по член 236 став 3 од Кривичниот законик.