
Полицијата расчистува необичен случај во виничкото село Лески, каде 18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повеќепати избола непознато лице.
Случајот бил пријавен на 3. август во СВР Штип, по што полицијата извршила проверки и утврдила дека наводниот напад воопшто не се случил.
Од ОВР Виница против девојката е поднесена кривична пријава за „лажно пријавување“. Во полициското соопштение нема дополнителни детали за причините поради кои таа го пријавила непостоечкиот напад.