18-годишен возач прегази пешак во Скопје

18-годишен возач со „голф“ прегази скопјанец.

На 27.01.2023 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 19.45 часот на крстосницата од улиците „Кемал Сејфула“, „Александар Урдаревски“ и „Босна и Херцеговина“, патничко возило „голф 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(18) од с.Брест, скопско, удрило во пешакот Ш.Р.(71) од Скопје.

На местото на несреќата пешакот им подлегнал на повредите, а лекар од Итна медицинска помош  констатирал смрт, додека возачот И.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопштија од полицијата. 

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.