18-годишен скопјанец натепан од неколку лица пред влезот од неговиот дом во Чаир - се сомнева на вмешаност на таткото на вереницата

Ноќеска (23.01.2026) во 00:05 часот во СВР Скопје, 18-годишниот Б.И. од Скопје пријавил дека пред влезот на неговиот дом на подрачјето на Чаир во Скопје, неколку лица физички го нападнале.

Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, тој се сомнева дека нападот е извршен поради нарушени односи со неговата вереница и дека неколку пати добивал пораки со закани од нејзиниот татко.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.