18-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

18-годишен мотоциклист е тешко повреден при судир со возило на улица во Кавадарци. Несреќата се случила вчеравечер. 

- На 16.09.2026 во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(44) од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од О.Р.(18) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Кавадарци, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.