18-годишен Грк уапсен за марихуана во Скопје

Неколку апсења за марихуана во Скопје, во текот на вчерашниот ден. 

-На 29.11.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(18) од Република Грција, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 28.11.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.К.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 28.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Д.(32) од делчевско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 28.11.2022 во 20.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.