18 – 26 мај : Доаѓа убава недела за 3 хороскопски знаци

Во среда започнува сезоната на Близнаците, а младата месечина ни носи можност да започнеме од почеток. Таа ни дава можност да си простиме себеси и да свртиме нов лист.

Ретроградното движење на Венера за некои знаци доаѓа до збунетост на полето на финансиите, а многумина и ќе се свртат кон минатото. Сепак, следната недела ќе биде убава за 3 хороскопски знаци.

Близнаци – се чувствувате моќно

Се чувствувате свои, а со тоа и самоуверено и моќно. По подолг период на испитување на вашите чувства и бегање од светот, подготвени сте да ја откриете својата самодоверба повторно и да уживате.  Имате чувство дека е време за убав нов почеток, а отворени сте и кон нови можности. Уживајте, драги Близнаци!

Вага – се ослободувате од блокадите

Што ве спречува да преземете ризици? Не постои начин да дознаете дали нешто ќе биде успешно, ако не пробате. Впрочем, во тоа лежи и убавината на животот. Дали повеќе би сакале да губите време плашејќи се дека ќе направите погрешен потег или пак радо би се потрудиле да направите голем скок?

Не се ограничувајте себеси, време е да се ослободите од блокадите, да ги скршите правилата и да си кажете Carpe diem.

Водолија – откривате креативност и внатрешна магија

Уживате во убавината на светот околу вас, а тоа ви дава и голема креативност. Уживајте во креативните, но и романтичните моменти, оваа недела. Време е за една магична недела која ќе ја запаметите. 

Дајте си дозвола да го послушате своето срце, знаете дека отсекогаш сте го сакале тоа.