173 нови случаи на Ковид-19 за 3 дена - дури 123 од нив се во Скопје

Во последните 3 дена, направени се 1.216 тестови, а регистрирани се 173 нови случаи на Ковид-19. Најмногу има во Скопје, дури 123 од вкупната бројка. 

Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, информира дека дистирбуцијата по другите градови е следната: Битола – 16, Кавадарци – 7, Прилеп – 6, Велес – 4, Куманово, Охрид и Штип – по 3, Струмица, Ресен и Кратово – по 2, Тетово и Радовиш – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (173),регистрирани се 46 реинфекции.

Регистрирани сe 186 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 11, Кавадарци и Велес – по 9, Прилеп, Кочани и Неготино – по 6, Битола – 5, Берово – 4, Тетово, Кичево, Струга и Кратово – по 3, Гостивар и Струмица – по 2, Охрид, Штип, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Крива Паланка и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (16.09 - 18.09.2022), пријавенисе 3 починати лица,по едно лице од Скопје (69г), Валандово (75г) и Охрид (79г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 673.