17 здруженија и порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот ,,масакр” на животни

,,Животните не се предмети за се уништуваат, туку свесни, интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест на човек да му се згади при самата помисла за она што лежерно го најавија вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Трајан Димковски на прес-конференција во Владата пред 3 дена. Без око да им трепне најавија субвенционирање на масовен колеж на домашните, питоми свињи и комплетен отстрел на дивите по планините – примена на мерките донесени на 150-та Владина седница е во тек”, с евели во реакцијата на 17 здруженија.

Според нив, Анѓушев додаде и дека Македонија е прва држава што презема радикални мерки пред појавата на болеста, без око да му трепне пред целата јавност.

,,Ажурни како никогаш за деструкција, геноцид на еден цел животински вид, уништување, ќе не штитат од болест која не е опасна по луѓето, но претставувала опасност во нивните економски калкулации. Ние, со сето наше членство, поддржувачи, во име на сите хумани граѓани, бараме итно да се отповикаат овие крвнички мерки и да се применат мерки кои ги применува нашето соседство. Ова нема да ви помине, нема да го заборавиме, ќе се потрудиме да не го заборавите ни вие!”, се вели во соопштенето на Анима Мунди; Гласот на животните- Велес; Мали Херои – Битола; Animal world, Струга; Daisy family rescue; Шепасти Ентузијасти, Анималиа – Охрид; Angelcats sanctuary; ЕДЕН; Срце за животните – Тиквеш; Saving Ohrid Strays; Cat Shelter Meow Paws; Живот – Штип; Про Анима –Берово; Иницијатива “Лајка”, Охрид/Струга; Здружение за заштита на животни ARC – Animal Rescue & Care – Битола; Ние за Животните, Куманово.