17 прекршувања на полицискиот час

Полицискиот час бил прекршен 17 пати, забележува полицијата во извештајот за изминатиот период од 20ч до 05ч следното утро. 

Од 20.00 часот (15.04.2021) до 05.00 часот (16.04.2021) констатирано е дека 17 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (15/16.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 511 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.