
Сообраќајна несреќа со кобни последици се случила ноќеска по полноќ во неготинско. Смртно настрада малолетник откако со мопед удрил во бетонск истолб.
- На 20.12.2025 во ОВР Неготино, било пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино, известија од МВР во денешниот билтен.
Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.