17-годишник уапсен поради тешка кражба во Аеродром, го признал делото

На 27.07.2021 од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром е приведен 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром.
Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување. 

По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.