
17-годишник од Скопје е лишен од слобода по пријава дека извршил обљуба врз 15-годишна девојка, а потоа ја демнел и од неа барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.
- На 29.09.2026 во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.