163 санкционирани возачи во Скопје, 75 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет минување на затворен сигнал (црвено светло), две мерки за некористење сигурносен појас и 33 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.