162 санкционирани возачи во Скопје, 20 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 20 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
.
Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, осум санкции за возење под дејство на алкохол, 13 мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.