161 сообраќаeн прекрошок во Скопје за едно деноноќие

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44, 20 за возење без возачка дозвола, 10 санкции за вградени неатестирани фолии, осум за нерегистрирани возила, четири за користење на мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.