16-годишно момче тешко повредено откако со мопед пандало на коловоз

16-годишно момче од делчевското село Разловци се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Берово–Делчево.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на вчера во 12:25 часот, кај местото викано „Турски андак“. Малолетникот, управувајќи мопед со делчевски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Берово, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.