16-годишно девојче натепано од својот 28-годишен партнер во стан во Струмица

Ноќеска во 00:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Р.(28) од Струмица.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 28-годишниот Д.Р. бил уапсен, постапувајќи по пријава дека претходно вечерта околу 21:00 часот во стан во Струмица физички ја нападнал неговата 16-годишна вонбрачна партнерка.

Лицето било здржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава