
Вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник.
Во полицискиот билтен исто така се наведува дека вчера во 11:45 часот, и М.Д.(25) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник.
За настанот е известен јавен обвинител за малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.