Денешната прехрана вклучува изобилство од преработена храна, месо, млечни производи, јајца, бело брашно, шеќер и газирани сокови.
Затоа, нималку не зачудува што поголемиот дел од луѓето имаат блага или мошне кисела состојба на организмот.
Нека не ве залажува терминот „кисело“.
Тоа што некоја намирница е со кисел вкус, не значи дека придонесува за киселоста на организмот – често пати е токму спротивно.
На пример, лимонот е мошне кисел на вкус, но со неговото разградување во варењето се создава базна состојба.
Од друга страна, слатките и месото, коишто не се со кисел вкус, придонесуваат за ацидозата бидејќи со нивното разградување во крвта се отпуштаат состојки или материи што го закиселуваат организмот.
Бидејќи киселата состојба на организмот е сигурен пат до многубројни болести, што побргу воведете промени во вашето мени!
За да може вашиот организам добро да ги извршува сите телесни функции, pH-вредностите на телесните течности мораат да бидат благо базни.
Ако pH-вредноста на вашата крв изнесува околу 7,3, вие сте здрави, а ако тие вредности паднат под 7,0 – вие имате кисела состојба на организмот.
На pH-вредноста влијае не само храната, туку и разните процеси што се одвиваат во организмот – варењето, дишењето, излачувањето на телесните течности и други метаболички процеси.
На пример, за време на варењето на храната, желудникот излачува хлоридна киселина, а панкреасот – базни бикарбонати.
Ако дојде до пореметување на тие сокови за варење, се нарушува pH рамнотежата во вашиот организам.
Тоа може да резултира со ацидоза – кисела состојба, или со алкалоза – базна состојба на организмот, којашто е многу поретка.
Киселоста на организмот доведува до паѓање на имунитетот, воспалителни состојби, како и бројни заболувања.
Може да предизвика гојазност и дијабетес, кардиоваскуларни болести, хроничен замор, остеопороза, артритис, тешкотии со мочниот меур и со бубрезите…
За кисeлоста на организмот придонесува и пушењето, како и земањето фармацевтски лекови, вештачки засладувачи и конзерванси.
Кај киселата состојба, организмот од коските и од виталните органи зема важни минерали како калциум, калиум и магнезиум за да ја неутрализира и исфрли киселината.
А тоа опасно го загрозува целокупното здравје.
Зголемената киселост на организмот ќе ја зaбележите по промените на усните и во усната шуплина.
Симптомите се, испукани агли на усните, киселост на плунката, чирови, зачестени воспаленија на грлото, чувствителност на забите на топло и на ладно.
Промените се видливи и однадвор – сува и безживотна коса, тенки и кршливи нокти, иритации на кожата.
Меѓу честите симптоми се разни иритации на очите, воспаление на веѓите, конјуктивитис.
Киселоста на органите за варење може да се манифестира како чир, гастритис, надуеност, зголемена желудочна киселина.
Менталните и емоционалните промени вклучуваат и губење на интерес и мотивација, нервоза, мачнина, пречувствителност на звуци, депресија.
Ако се препознавте во овие симптоми, вашиот организам веројатно е кисел.
Но, за да бидете сигурни во тоа, можете да направите анализа на pH-вредностите на крвта и урината.
За оптимално здравје, на вашето мени би требало да се најдат 70-80 % базни намирници, а само 20-30 % кисели.
Еве што треба да направите за да ја намалите киселоста на организмот:
Здравје и живот