15 знаци што предупредуваат на киселост на организмот

Денешната прехрана вклучува изобилство од преработена храна, месо, млечни производи, јајца, бело брашно, шеќер и газирани сокови.

Затоа, нималку не зачудува што поголемиот дел од луѓето имаат блага или мошне кисела состојба на организмот.

Нека не ве залажува терминот „кисело“.

Тоа што некоја намирница е со кисел вкус, не значи дека придонесува за киселоста на организмот – често пати е токму спротивно.

На пример, лимонот е мошне кисел на вкус, но со неговото разградување во варењето се создава базна состојба.

Од друга страна, слатките и месото, коишто не се со кисел вкус, придонесуваат за ацидозата бидејќи со нивното разградување во крвта се отпуштаат состојки или материи што го закиселуваат организмот.

Бидејќи киселата состојба на организмот е сигурен пат до многубројни болести, што побргу воведете промени во вашето мени!

Алкалноста на организмот е предуслов за добро здравје

За да може вашиот организам добро да ги извршува сите телесни функции, pH-вредностите на телесните течности мораат да бидат благо базни.

Ако pH-вредноста на вашата крв изнесува околу 7,3, вие сте здрави, а ако тие вредности паднат под 7,0 – вие имате кисела состојба на организмот.

На pH-вредноста влијае не само храната, туку и разните процеси што се одвиваат во организмот – варењето, дишењето, излачувањето на телесните течности и други метаболички процеси.

На пример, за време на варењето на храната, желудникот излачува хлоридна киселина, а панкреасот – базни бикарбонати.

Ако дојде до пореметување на тие сокови за варење, се нарушува pH рамнотежата во вашиот организам.

Тоа може да резултира со ацидоза – кисела состојба, или со алкалоза – базна состојба на организмот, којашто е многу поретка.

Киселоста на организмот доведува до паѓање на имунитетот, воспалителни состојби, како и бројни заболувања.

Може да предизвика гојазност и дијабетес, кардиоваскуларни болести, хроничен замор, остеопороза, артритис, тешкотии со мочниот меур и со бубрезите…

За кисeлоста на организмот придонесува и пушењето, како и земањето фармацевтски лекови, вештачки засладувачи и конзерванси.

Кај киселата состојба, организмот од коските и од виталните органи зема важни минерали како калциум, калиум и магнезиум за да ја неутрализира и исфрли киселината.

А тоа опасно го загрозува целокупното здравје.

Симптоми на “кисел“ организам

Зголемената киселост на организмот ќе ја зaбележите по промените на усните и во усната шуплина.

Симптомите се, испукани агли на усните, киселост на плунката, чирови, зачестени воспаленија на грлото, чувствителност на забите на топло и на ладно.

Промените се видливи и однадвор – сува и безживотна коса, тенки и кршливи нокти, иритации на кожата.

Меѓу честите симптоми се разни иритации на очите, воспаление на веѓите, конјуктивитис.

Киселоста на органите за варење може да се манифестира како чир, гастритис, надуеност, зголемена желудочна киселина.

Менталните и емоционалните промени вклучуваат и губење на интерес и мотивација, нервоза, мачнина, пречувствителност на звуци, депресија.

Знаци што укажуваат на киселост на организмот:

  1. замор и ниско ниво на енергија
  2. ослабен имунитет
  3. чувствителни непца и заби
  4. краток здив и кашлање
  5. ишијас и вкочанетост на вратот
  6. главоболка и поспаност
  7. повраќање, мачнина, пролив
  8. воспаленија на мочниот меур и на бубрезите
  9. болки во мускулите и зглобовите
  10. тропање на срцето
  11. забрзано стареење
  12. гојазност и дијабетес
  13. собирање на млечна киселина во мускулите
  14. алергии и акни
  15. растење на габички во организмот, како Candida

Ако се препознавте во овие симптоми, вашиот организам веројатно е кисел.

Но, за да бидете сигурни во тоа, можете да направите анализа на pH-вредностите на крвта и урината.

Како да го вратите организмот во баланс

За оптимално здравје, на вашето мени би требало да се најдат 70-80 % базни намирници, а само 20-30 % кисели.

Еве што треба да направите за да ја намалите киселоста на организмот:

  • пијте најмалку 2 литри вода на ден
  • пијте смути од свежо овошје и зеленчук
  • наместо газирани пијалаци конзумирајте билни чаеви и зелен чај
  • наместо кравјо конзумирајте бадемово или кокосово млеко
  • вежбајте умерено, бидејќи тоа придонесува за базноста на вашиот организам
  • намалете го внесувањето на намирници како млекото и млечните производи, слатките, житарките и преработената храна
  • јадете повеќе алкални (базни) намирници, како авокадо, банани, брокули, кељ, целер, краставица, спанаќ, лимон, зрели банани, бадеми, лубеници и што повеќе салати.

Здравје и живот

cheap nike air max 90