15 знаци дека имате ниско ниво на железо во организмот

Недостатокот на железо во крвта е најчестиот нутритивен дефицит во светот и членовите на женскиот пол се најподложени на оваа проблематика.

Железото е од суштинско значење за производство на хемоглобинот, протеин кој им помага на црвени крвни клетки за транспорт на кислород низ телото.

Затоа, недоволно количество на железо во крвта е проблем поради кој страда целото тело а може да дојде и до анемија.

Со цел да се делува превентивно и на време да се сфати дека треба да се зголеми внесот на железо низ исхраната, проверете дали и вие ги имате овие 15 симптоми:

1- Се чуствувате исцрпени

2- Имате долга и преобилна менструација

3- Бледи сте

4- Бргу останувате без здив

5- Срцето ви работи забрзано

6- Имате “синдром неуморни нозе”

7- Имате главоболки

8- Сакате да јадете некои нехранливи супстанции како глина, мраз…

9- Чуствувате анксиозност без причина

10- Ви паѓа коса

11- Вегетаријанец/ Веган сте

Железото од месото е три пати поефикасно од железото кое го добиваме од растенијата.

12- Имате слабо активна тироидна жлезда.

13- Трудни сте

14- Јазикот чудно ви изгледа

15- Имате запаление или болест на цревата.

Колку железо всушност му треба на телото? Износот на потребните дози на железо во телото зависи од неколку фактори.

Жени на возраст од 19-50 години треба да внесуваат 18 милиграми железо на ден, бремените жени го зголемуваат внесот на 27 милиграми, а доилките треба да внесуваат 8 милиграми дневно.

Старите жени во менопауза треба да внесуваат доза од 8 грама.

Железо највеќе има во леќата, спанаќот, говетското месо, оревите, пилешкото и леблебиите (наутот).

Исто така, важно е да се земе во предвид дека вишокот на железо, исто така е опасно по здравјето на луѓето, па не треба да се претера со додатоците во исхрана.