15 животни лекции кои ги научивме од серијата „Пријатели“

Речиси нема некој кој не знае за серијата „Пријатели“, која во период од десет години ни ги прикажуваше згодите и незгодите на друштвото составено до Рос, Рејчел, Џои, Фиби, Моника и Чендлер. Со текот на годините оваа серија доби култен статус, а повеќето обожаватели напамет ги знаат репликите на нивните омилени ликови. Освен добра забава и одличен хумор, серијата ни донесе и неколку важни животни лекции, кои сите можеме да ги применуваме:

  1. Бидете свои како Моника. Бидете борбени и не се извинувајте за она што сте. 

  2. Направете пауза кога ви треба, баш како Рос.

  3. Сите шесторица нè научија дека сосема е во ред да немаш план.

  4. Живејте со најдобрите пријатели барем еднаш во животот, како што живееја Џои и Чендлер.

  5. Исто како и Џои, не се срамете да признаете дека не сакате да ја делите храната со другите.

  6. „Женска вечер“ лечи скршено срце, како што научивме преку примерот на Моника, Фиби и Рејчел.

  7. Признајте дека не сте имале многу искуство во љубовта, баш како Чендлер.

  8. Не заборавајте да го кажете точното име на личноста со која се венчате (Рос најдобро знае како може да заврши спротивното)

  9. Престанете да се грижите за тоа што другите ќе кажат. Следете го примерот на Фиби.

  10. Вистинските пријатели секогаш ќе бидат покрај вас.

  11. Следете го вашето срце исто како Рејчел, дури и ако тоа значи дека ќе се откажете од многу удобни поволности.

  12. Никогаш не се откажувајте од вашиот сон, бидете упорни како Џои и неговата актерска кариера. 

  13. Пејте и танцувајте како што сакате, дури и ако никому не му се допаѓа тоа, баш како Фиби.

  14. Ако е судено, не е изгубено – како и во случајот со Рос и Рејчел.

  15. Љубовта може да се случи на најинтересните начини, видете ги само Моника и Чендлер.