15 работи кои не ги должите никому

Поголемиот дел од одлуките кои ги носиме се предмет на прашања и коментари од околината. И често изгледа дека сите имаат мислење за тоа што го правиме, како се однесуваме и со кого се дружиме и излегуваме. Понекогаш луѓето преминуваат некои граници и бараат од вас да се објаснувате за одлуките кои ги носите. 

Популарниот блогер и психолог Дејвид К. Вилијам тврд дека иако понекогаш можеби мислите дека сте должни да им одговорите, сепак има работи кои не се ничија работа освен ваша. Тој состави листа од 15 работи за кои никому не должите објаснување!

1. Не должите објаснување за состојбата на вашиот живот.
2. Не должите објаснување за вашите приоритети.
3. Не должите извинување ако не чувствувате дека треба да се извините.
4. Не должите објаснување доколку сакате време за себе.
5. Не сте должни да се согласувате со туѓи лични убедувања.
6. Не сте должни да кажете „да“.
7. Не должите објаснување за вашиот физички изглед.
8. Не должите објаснување за вашиот начин на исхрана.
9. Не должите објаснување за вашиот сексуален живот.
10. Не должите објаснување за вашата кариера или лични избори.
11. Не должите објаснување за вашите религиски или политички погледи.
12. Не сте должни да објаснувате зошто сте сами.
13. Не сте должни да излезете на состанок само затоа што ве поканиле.
14. Не должите објаснување за вашите одлуки во врска со бракот.
15. Не должите објаснување за вашите избори во врска со љубовните врски.