15 работи кои не чинат ништо, а ја лечат душата...

Можеби мислите дека повеќето задоволства чинат многу, но ако подобро се фокусирате, ќе најдете многу работи кои не можат да се купат со пари, а кои ја исполнуваат душата. 

Парите носат одредена стабилност и можат да олеснат одредени ситуации, но не можат да купат среќа. Овие 15 работи можете да ги правите често, без да трошите многу (или воопшто) пари. Научете да уживате во малите работи:

Пронајдете го најубавото место во вашата околина и одете често таму, без оглед дали ќе го правите тоа пешки или со велосипед. Истражувајте. Или пронајдете некоја клупа која ќе биде ваше место и уживајте во погледот. Способноста да уживаме во мир е непроценлива.

Прочитајте книга и нурнете во светот на фантазијата.

Шетајте во паркот кој е најблизу до вашето живеалите и уживајте во природата.

Пишувајте. Што било. Не мора да биде неверојатен роман и не мора никој никогаш да го прочита тоа што сте напишале. Но, пишувањето може да ви помогне да ги исфрлите сите наталожени чувства во вас. 

Посетете ја локалната библиотека. Ќе уживате во секој миг. 

Возете велосипед, трчајте, шетајте со луѓе што ви значат.

Волонтирајте. Чувството дека сте помогнале нема цена. 

Вежбајте. Ќе се чувствувате подобро и ќе бидете поздрави. Најдете некоја активност што може да ја правите на отворено, не ви се потребни скапи теретани.

Научете нов јазик. Во денешно време не мора да плаќате курсеви за тоа, има одлични бесплатни апликации и курсеви на интернет. 

Јавете им се на родителите, на бабите и дедовците. Одржувајте контакт со најблиските. 

Поминувајте време со пријателите, но во живо, разговарајте лице во лице, а не преку телефон и социјални мрежи. Контактот со оние кои ви се важни е бесценет. 

Обидете се да медитирате или да правите активности кои ќе ви го „чистат“ умот од негативни мисли.

Уживајте во прегратката на саканите. 

Научете да свирите гитара или обидете се да цртате. Најдете некое хоби кое ќе ве исполнува. 

Засадете цвеќиња во градината или уредете го вашиот балкон со цвеќиња и во таква опуштена атмосфера пијте го првото утринско кафе. Тоа нека биде време само за вас.