15 причини зошто да имате барем еден човек со хороскопски знак Бик во вашиот живот

1. Биковите се избалансирани, мирни и емоционално зрели. Секогаш можете да се потпрете на нив за добар совет и за непристрасен став.

2. Биковите не се склони да ги осудуваат луѓето. Напротив, тие се способни да се стават на местото на другиот и да го разберат, дури и ако тој не се разбера себеси.

3. Биковите не сакаат расправии, но исто така не сакаат и да молчат кога се убедени дека се во право. Тие се прекрасни учители за тоа како треба да го браните својот став.

4. Биковите го спојуваат во себе духовното и материјалното. Тие навистина знаат како да уживаат во убавите моменти и во истото време да не посветуваат внимание на секојдневните тривијалности.

5. Биковите не можат да лажат. Или поточно не им се допаѓа тоа. Тие сметаат дека лажењето предизвикува непотребни компликации. Биковите постојано нè потсетуваат дека најважно е да бидеме искрени – кон самите себе а и кон другите.

6. Биковите секогаш си стојат на својот збор. Тие никогаш не даваат празни ветувања, но ако ветат нешто ќе го направат и невозможното за да го исполнат.

7. Биковите сакаат слобода и затоа и не ја ограничуваат слободата на своите партнери. Во истото време, на Биковите не им се допаѓаат игрите и празните врски. Значи, ако имате романтична врска со Бик, вие не само што ќе ја задржите својата слобода, туку ќе добиете и неверојатна лојалност.

8. Биковите секогаш помагаат. Не е важно кога сте се виделе последно. Или сте се слушнале. Не е важно дали сте најблиски. Ако ви се потребни и ги повикате тие ќе дојдат. Без разлика каде сте, зошто или колку е часот.

9. Биковите тешко се заљубуваат но ако се заљубат тоа е за цел живот. Тие си го чуваат срцето, но кога ќе ви го дадат, ви го даваат целосно.

10. Биковите се луѓе со модерни ставови и слободни сфаќања. Сепак, семејството е најважниот приоритет за нив. Ништо не е пред нивните сакани луѓе – ниту кариерата, ниту личните успеси, ниту забавата … Пред сè за Бикот е секогаш љубовта.

11. Биковите се одговорни и тимски играчи. За да ја завршат одредената задача ќе работат неуморно и без престан. Прифаќаат критики и одлично соработуваат со колегите.

12. Биковите обожаваат да ги изненадуваат своите блиски. И не е важно дали тоа е нивниот партнер, нивните деца, нивните родители или нивните пријатели. Луѓето од знакот на Бик повеќе се радуваат кога подаруваат отколку кога примаат подароци. Вистинскиот збор за нив е зборот „великодушност“.

13. Биковите се скромни луѓе. Иако тие имаат прекрасни квалитети, квалитети кои на повеќето  од другите хороскопски знаци ќе им требаат години за да ги изградат, тие не парадираат со нив. Напротив ако некој почне да ги фали какви одлични луѓе се, Биковите ќе почнат да поцрвенуваат  и ќе се обидат да го разубедат соговорникот дека не е во право.

14. Биковите се тотална спротивност на зборот „егоизам“. Нивното его едноставно се раствора во грижата за своите најблиски. Тие секогаш се трудат нивните најблиски да бидат среќни.

15. Биковите се родени за да бидат учители. Да дадаваат пример. Да ги променат луѓето на подобро. И да го направат светот подобар…