15 парадокси кои ќе ви го променат животот

Што е парадокс? Парадокс е нешто што е наизглед контрадикторно на површина, но е точно кога ќе се погледне под површината. Парадоксите имаат задоволувачко влијание на нашиот ум и некои од најневеројатните вистини во животот ги наоѓаме токму во нив. 

Во продолжение прочитајте 15 неверојатни и точни животни парадокси:

  1. Колку повеќе се обидуваш да им се допаднеш на другите, поголема е веројатноста дека ќе им се допаѓаш помалку.

  2. Колку повеќе неуспеси имаш, толку е поголема веројатноста дека ќе успееш.

  3. Ако нешто те плаши, може треба да размислиш да го направиш токму тоа. 

  4. Колку повеќе мразиш некоја карактеристика кај некого, поголема е веројатноста дека ќе избегнеш да ја видиш таа карактеристика кај себе. 

  5. Колку повеќе си поврзан со светот, ќе се чувствуваш поосамено.

  6. Колку повеќе учиш, толку повеќе сфаќаш колку малку знаеш. 

  7. Можеш да имаш среќна врска само ако си среќен сам со себе.

  8. Колку повеќе луѓе се уверени дека се во право, толку е поголема веројатноста дека не се. 

  9. Колку си поискрен околу своите грешки, толку повеќе ќе мислат дека си совршен. 

  10. Колку повеќе избори имаш, ќе бидеш помалку задоволен со секој еден од нив. 

  11. Колку повеќе форсираш врска со некого, толку е поголема веројатноста дека ќе дојде до крај. 

  12. Колку повеќе можеш да се сакаш себеси, толку повеќе ќе можеш да ги сакаш другите. 

  13. Колку помалку се плашиш од смрт, помалку се плашиш да живееш.

  14. Единствена извесност е неизвесноста.

  15. Единствена константа е промената.

Доколку барате повеќе образложувања, погледнете го и видеото во продолжение: