15 најчести предупредувања на почетокот на врската кои ги игнорираме

Запознавте некој, започнавте врска изгледа како сѐ да е совршено. Обично тоа така бива, намерно или не, постојано ги игнорираме предупредувањата кои се појавуваат на почетокот на врската, едностравно ќе ги турнеме на страна и се правиме дека ништо не сме слушнале, виделе или забележале.

Кои се најчестите предупредувачки знаци на почетокот на врската кои луѓето ги игнорираат? Постојат многу интересни одговори на ова прашање, но овие ги издвоивме како најчестите 15 одговори кои можат да ви помогнат на време да ја препознаете врската на која најверојатно не и е судено и која би можела да прерасне во лош однос кој само ќе ви го потроши вашето време.

  1. Ако изневеруваат да бидат со вас, очигледно се способни секогаш да изневеруваат.

  2. Бомбардирање со љубов: претерани комплименти, претерано јавување и праќање пораки, претерување со давање внимание.

  3. Игнорирање кога ќе ви кажат точно кои се. Посебно неубави работи:

„Можам да станам многу незгоден кога ќе се налутам“.

„Имам лоша нарав/краток фитиљ“.

„Не сум спремен за врска“.

  1. Како се однесува со неговата мајка. Ако со неа се однесува лошо и кон вас ќе биде таков.

  2. Знаци за нарцисоидност.

  3. Вредностите на другата личност не се поткрепуваат со вашите.

  4. Лошото однесување со келнери или со луѓе на кои им е надреден. Тоа го покажува неговиот/нејзиниот вистински карактер.

  5. Не ви се обрќа по име.

  6. Невработен.

  7. Ако кучињата не ги сакаат. Тоа е вистински тест.

  8. Обратете внимание како се однесуваат кон своите напријатели или со луѓето со кои се скарани. Веројатно со текот на времето така ќе се однесуваат и кон вас.

  9. Не сакаат животни.

  10. Ако на состанокот со вас гледа други девојки наместо вам да ви обраќа внимание.

  11. Мојот/мојата бивши/а беше луд/а.

  12. Ви забранува да се дружите со вашите пријатели затоа што него/неа не му/ѝ се допаѓаат.