15 годишно девојче од Скопје полово нападнато во Струга

На 09.08.2018 година во 20.00 часот во Полициската станица Струга, С.Ј (37) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.00 часот во Струга, во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со неговото семејството, С.Џ. (39) од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.

Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.