
Синоќа во 00:00 часот во СВР Скопје, И.Ф.(50) од Скопје пријавил дека околу 22:30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил ограбен.
Како што се наведува во полицискиот билтен, 50-годишниот И.Ф. пијавил дека двајца малолетници со употреба на физичка сила и со закана со остар предмет му одзеле пари на неговиот 15-годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.