
Малолетник бил фатен со дрога денеска по полноќ, на подрачјето на Аеродром.
- Денеска (18.08.2026) во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР во дневниот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.