15-годишничка донесена за породување во „Чаир“

Малолетничка од Скопје била донесена во болница за породување. Полицијата разгиварала со нејзиниот 18-годишен вонбрачен партнер. 

- На 24.11.2025 во 04:00 часот во СВР Скопје, од Гинеколошко-акушерска болница „Чаир“ е пријавено дека околу 00:10 часот во болницата за породување била донесена 15-годишна малолетничка од Скопје. Од страна на полициски службеници извршен е службен разговор со нејзиниот 18-годишен вонбрачен партнер Р.А., стои во денешниот полициски билтен. 

По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.