
Скопјанка вчера пријавила дека претходниот ден на подрачјето на Карпош, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички.
„На 03.09.2025 во 10:30 часот во СВР Скопје, С.К.(44) од Скопје, пријавила дека на 02.09.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички, се наведува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.