14. Меѓународна ликовна колонија „СКОПЈЕ”

Во хотел „Арка“ утре (20.08, вторник) утре ќе биде отворена 14. Меѓународна ликовна колонија „СКОПЈЕ”, која ќе трае до 30-ти август.

14. МЛК „Скопје” е во организација на Музеј на Град Скопје и хотел „Арка“, а се реализира под финансиско покровителство на Град Скопје. На овогодинешното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет.

Уметниците ќе ги создаваат своите дела во прекрасниот и инспиративен амбиент на хотел „Арка“, сместен во срцето на Старата скопска чаршија.

Делата создадени на оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември.