
Малолетничка од Скопје е тешко повредена викендов во несреќа меѓу возило и електричен тротинет.
- На 02.05.2026 во 14:55 часот во СВР Скопје на крстосница од ул.„Горно Лисиче“ и ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(55) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“, управуван од 14-годишна малолетничка од Скопје, информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, додаваат од полицијата.