14-годишник завршил на Токсикологија по новогодишната прослава

14 годишник заврши на токсикологија откако се препил алкохол за новогодишната ноќ. Ова е само еден од 22-те случаи кои биле поврзани со труење од алкохол во Клиниката за токсикологија на најлудата ноќ во годината.

Најмаладиот имал 14 години, а имало и други малолетни лица.

Во Ургентниот центар во Скопје биле извршени 80 прегледи. Четири биле поради сообраќајки, а четири по физички деликти.