14-годишник среде ноќ натепан од повеќе лица на автобуска постојка во Центар

54-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од четири лица на автобуска постојка во општина Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 16:20 часот во СВР Скопје, Т.Ц.Д.(54) од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.