14-годишник со мопед прегази жена во Охрид, повредени се и двајцата

Малолетник со мопед удрил во жена која возела велосипед во центарот на Охрид. 

58-годишна Н.Р. возела велосипед кога била удрена од мопед на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Даме Груев“. Несреќата се случила на самиот пешачки премин, вчера, соопштија од полицијата.

Со повреди завршил и 14-годишникот.