
Синоќа во СВР Велес било пријавено дека околу 20:55 часот, на крстосница од улиците „Љубљанска“ и „Костурска“ во Велес, патничко возило „поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Б.И. од Велес, удрило во 14-годишен малолетник.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот.
Повредите биле констатирани во Општата болница Велес.
Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.