14-годишник нападнат со нож од негов соученик во училишен тоалет во Скопје

Малолетник се здобил со расекотина на рака откако бил нападнат од соученик во училиште. 

- Во СВР Скопје вчера во 13:00 часот Ф.А.(43) од Скопје пријавила дека околу 09:00 часот во тоалет во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син со остар предмет бил нападнат од негов соученик. При нападот му била нанесена расекотина во пределот на раката, информираа од МВР. 

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.