14-годишник управувал „пежо“ со кое се судрил со „рено“ управувано од 19-годишен возач.
На 24.03.2023 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.