133 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за технички неисправни возила.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за непочитување на првенство на минување, три санкции за возач почетник.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.